Кога бев мала, сакав да имам маче. Мајка ми се противеше на секакво напоменување на таа идеја, но јас не се откажував. Еден ден донесов дома мало маче и му направив куќичка од картон, послана со мало ќебенце. Мислев дека мајка ми ќе го засака исто како и јас веднаш штом ќе го види, па ќе мора да се помири што заспаната убавица се беше вдомила веќе.
Но се излажав – немаше начин да ја натерам да живее со животно, но ми дозволи да си поиграм со него две недели, па после да го вратам на претходниот сопственик. Целата во солзи, не сакав ни да си замислам колку поблиско ќе го чувствував тоа мало крзнено клопче за тие две недели, па решив да го вратам веднаш.
Верувам дека инволвирањето во било каква релација со било какво суштество, не е ризик од кој само јас стравувам. Сигурно многупати сте сакале да направите некој кулинарски специјалитет и сте потрошиле два – три часа за да го добиете токму оној вкус кој е неодолив и притоа сте го декорирале и сервирале беспрекорно, за на крај да биде изеден за не повеќе од 5 минути. Дали не мислите дека би заштедиле многу повеќе од вашето слободно време кога би отишле во ресторан, или кога би каснале нешто набрзина, затоа што сепак, јадете за да преживеете, а не живеете за да јадете. Зошто тогаш би се труделе околу нешто кое знаете дека нема да остане? Нема ни долго да трае, така е и со врските. Свесни сме дека имаат рок на траење. За некого се долги и сериозни веднаш штом поминала половина година, а за некого пак година-две, но сепак, не можат да траат вечно. После три, четири, пет или шест години, чинијата одеднаш може да биде празна, да не остане ниту трошка како доказ дека нешто сте подготвувале, дека сте декорирале, нема да остане ниту мирисот, ниту бојата на кари, ниту ливче магдонос...
Или пак мајка ви ќе ви рече дека време е да се разделите со вашето милениче. Подобро воопшто да не сте ја почнале таа врска. Тогаш нема да има солзи, нема да има разделби, нема да губите време, нема да губите делови од вас, преточувајќи ги во некое дело, што секако го правите со љубов, го правите со задоволство, уживате во тој труд, во својата внесеност. Затоа купувајте готова храна и, уживајте во животот!
Значи подобро never to love отколку to love and lost ?! Демек загубата е превисока цена да се почувствува...да се впие ново искуство..?
ReplyDeleteЧудно, некаде прочитав "Бојата е онаа која најмногу им дава живост на работите...им дава сетилно уживање"..
Ако разбрав: подобро да брзам пасивно да го наполнам стомакот (destination) отколку да загубам 30/60/90 минути од ЖИВОТОТ во готвење кое може и да излезе занимливо, забавно, дај боже возбудливо, а потоа уште 5 соединувајќи го тоа со моите сетила, притоа насладувајќи се со сознанието дека ова ЈАС го направив (journey)..
Ливчето магоднос ќе овене, со или без мене, или уште полошо друг ќе го изеде..
A нели ЈАС е поваж-ен/на од сите ;)
Хаха, убава забелешка, но, овој пост хронолошки му претходи на другиот кој го имаш цитирано и ете како мојот хоризонт се променил, да не речам, проширил. Од друга страна, добро е што двете статии се контрадикторни, за да видам каде ќе има опонирање :)
ReplyDeleteТочно, превид, ги занемарив датите.. Тогаш добро е што текстовите немаат обратен хронолошки редослед и си евоулирала во оваа насока.. Ако беше спротивната не ќе и предвидев баш "colourful" иднина на Весница :)..
ReplyDeleteСамо нешто друго мене ме загрижува - за еден месец погледите ти се смениле дијаметрално.. Си викам што ако се случи истото со некој „поопасен“ став...не дај боже во „С(о)вест“ да речеме :D