Sunday, February 6, 2022

Елегија

Знам дека ќе си заминеш

а ништо не сме си кажале

само простум се гледавме,

еден во друг тоневме.

Време без престан течеше,

а ние пак не изустивме,

збор ниеден не потрошивме,

преграт в бол не откинавме.

Знам дека ќе исчезнеш

а толку те има во срцево

што душа корне и завива,

но гордост слепа ме навјаса.

И затоа ништо не ти реков,

само тивко себе се закопав

во мрачна и темна гробница,

да бидам сува пламен лозница.

Синот

Да можам да ја затворам

твојата душа со катанец

таа душа стаклена

та да ја довардам од неволји

од сите земски непогоди.


Ех, да можам да ги додржам

твоите солзи скапоцени

на сиот свет најтешки

за да ги спасам од тонење

тие лаѓи книжни, малечки.


Дали можам да ја прегрнам

сета твоја добрина,

од мене зрак да не излезе, 

ни еден ден да не порасне,

за да си везден со мене, 

за да си навек до мене.